За нас

Здружението Младинска Мултикултурна Заедница е основно на 11.11.2009 год со цел да го подобри квалитетот на животот на младите индивидуи во Општина Прилеп.

Здружението Младинска Мултикултурна Заедница дејствува на ниво на цела Македонија а главен таргет се младите од Општина Прилеп и Република Македонија .

Во Младинска Мултикултурна Заедница активно членуваат 16 млади кои со своите идеи и активности учествуваат во реализирањето на целите и задачите на Здружението .

ЦЕЛИ

Младинска Мултикултурна Заедница ги определи следните цели на дејствување

  • Активна партиципација на младите во Развојот на Општината
  • Одржување на разни обуки и програми што ќе придонесат за професионален и персонален развој на младите и граѓаните на Општина Прилеп
  • Помагање околу подигнување на свеста за заштита на човековата средина ,грижа за животната средина екологија и заштита на природните ресурси
  • Спроведување на кампањи,проекти и политики поврзани со здравјето на младите .

Активности

Поконкретно Младинска Мултикултурна Заедница ги остварува преку следните активности

  • Остварување на Конкретни програмски активности
  • Обуки и градење на капацитетите организирање на обуки за граѓанскиот сектор Локалната Самоуправа и одговорните лица
  • Организирање на проекти заеднички проекти трибини форуми концерти спорски манифестации и друго
  • Давање на услуги поврзани со дејноста и целите на здружението
  • Истражување спроведување на анкети и обработка на податоци .

Мапа

Кликнете на мапата за да биде  поголема

Зелен пакет

 

За повеќе информации околу проектот кликнете овде

Партнери